Connect with us

Серафимов си постигна автогол

Македонскиот репрезентативен дефанзивец Никола Серафимов се најде на листата на стрелците, но со автогол, во натпревар од 18. коло на елитната бугарска лига.

Во 27. минута, по една несреќна ситуација, Серафимов ја затресе сопствената мрежа, со што Славија Софија поведе со 2-0. Токму овој гол се покажа како пресуден, бидејќи Славија успеа да победи во градското дерби. Серафимов беше стартер и ги одигра сите 90 минути за „сините“ од Софија.

И покрај поразот, Левски останува на врвот на табелата, со предност од пет бодови пред второпласираниот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови