
Кевин де Бруин се подготвува за разделба со Манчестер Сити, а интересот за белгискиот маестро е огромен. Според информации на Џанлука Ди Марцио, Наполи и Ливерпул се најсериозните кандидати за неговиот потпис.
Иако има 33 години, желбата на Де Бруин е јасна – останува во Европа. Наполи веќе подготвува стратегија како да го привлече, а клучната алка во тој план може да биде Ромелу Лукаку, со кого Кевин има блиска врска од репрезентацијата.
Во трката не заостанува ниту Ливерпул, кој, според шпекулациите, веќе испратил официјална понуда до играчот.
Оваа сезона, Де Бруин има одиграно 36 натпревари во сите конкуренции, постигна шест гола и асистираше осум пати – статистика која покажува дека уште има многу да понуди на највисоко ниво.
Ќе го гледаме ли Де Бруин во црвено на „Енфилд“ или на „Диего Армандо Марадона“? Летото ветува спектакл!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
