Репрезентацијата на Македонија до 21 година кон крајот на мај ќе одигра два контролни натпревари на гостински и домашен терен против соодветната селекција на Косово.
Првиот контролен меч ќе биде одигран на 28 мај, со почеток во 19. часот на стадионот Фадиљ Вокри, во Приштина.
Вториот тест дуел со Косово го играме во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски”, на 31 мај со почеток во 15. часот.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21, Горан Станиќ за двата контролни натпревари со Косово, се одлучи да ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Васко Василев – Гостивар
Љупче Џеков – Силекс
Славе Вргов – А.П. Брера
ОДБРАНА:
Давид Даилоски – Венло, Холандија
Андрија Димески – Вождовац, Србија
Андреј Аризанковски – А.П. Брера
Анес Мелиќи – Шкендија
Никола Најдовски – Тиквеш
Ѓорге Џеков – Силекс
Марко Стојилевски – А.П. Брера
Нуман Ајетовиќ – Шкупи
СРЕДЕН РЕД:
Матеј Ангелов – Работнички
Ѓорѓи Дошев – Македонија Ѓ.П.
Адриан Зенделовски – Олимпик, Шведска
Теодор Николовски – Работнички
Мартин Ѓоргиевски – А.П. Брера
Никола Манојлов – Работнички
НАПАД:
Димитар Данев – Работнички
Димитар Трајков – Дуго Поље, Хрватска
Матеј Гаштаров – Звезда, Србија
Михаил Талевски – Вардар
Кире Стојанов – Беласица
Хамза Меметриза – Струга Трим Лум
Поради повреда, Дарко Сековски нема да биде во можност да се стави на располаѓање на репрезентацијата на Македонија до 21 година.
Собирот на селекцијата предводена од Горан Станиќ на програмата е на 22. мај, во хотел Парк, со почеток во 12. часот.
Истиот ден, во 17:30 часот ќе биде одработен првиот тренинг, на стадионот „Борис Трајковски” во Маџари.
За нашата селекција ова ќе бидат последни подготовки пред стартот на квалификациите за пласман на ЕП, кои ќе стартуваат во септември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Интернационалци
Прв гол за Серафимов во дресот на Левски (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза
Евро-фудбал
Барса го загуби и Педри за неколку недели
Евро-фудбал
Прв гостински триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот
Евро-фудбал
Постекоглу се враќа во Селтик?













