
Пишува: Никола Ѓуровски
Српските медиуми го најавуваат Хрватот Роберт Просинечки како нов селектор на Македонија, но тоа за МАКФУДБАЛ го демантираше претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини. Тој вели дека ФФМ досега нема преговарано апсолутно со никого и нема да преговара се додека не оствари средба со актуелниот селектор Игор Ангеловски. Неговиот договор истекува на 31.12. 2020 година.
„Тоа се шпекулации. Не знам искрено и кој ги пласира, но можам категорично да потврдам дека Фудбалската федерација на Македонија нема преговарано со никого за селекторската позиција. Се уште имаме актуелен селектор и првата средба ќе биде со него“, вели за МАКФУДБАЛ, претседателот Муамед Сејдини.
Преговорите со актуелниот селектор најверојатно ќе бидат на почетокот на следната година, после празниците. Тоа треба да биде една од првите активности на ФФМ во 2021 година и многу брзо да се именува селектор кој ќе ја предводи фудбалската репрезентација на Македонија на Европското првенство.
Во таа насока, Сејдини вели дека селекторот сепак најверојатно ќе биде македонски стратег.
„Мое мислење е дека странец како селектор сепак не е најдобрата опција. Имаме доволно квалитет во Македонија, а и македонските стратези секако најдобро ги познаваат квалитетите на националниот тим. Се разбира, одлуката ќе биде донесена заеднички со членовите на УО на ФФМ“, дополнува Сејдини.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Белгијците очекувано го декласираа Лихтенштајн

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Евро-фудбал
Велс го победи Казахстан и го презеде врвот

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ
