Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, и челниците на ФФМ ќе отпочнат преговори за продолжување на соработката по новогодишните празници. Ова го најави претседателот Муамед Сејдини во денешното гостување на ТВ Сител, во емисијата „Магазин“.
„Договорот на Игор Ангеловски истекува на 31 декември. Пракса е да се разговара за продолжување откако ќе истече актуелниот договор, така што со него ќе разговараме после Нова година“, изјави Сејдини.
Игор Ангеловски со репрезентацијата на Македонија го оствари најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал, пласирајќи го националниот тим на Европското првенство што ќе се одржи во јуни 2021 година. Македонија досега само сонуваше да биде дел од еден таков континентален собир на најдобрите европски фудбалски селекции. Тој во последните пет години ја извршува функцијата селектор и значително го подобри рејтингот на националниот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













