
Шкупи доживеа убедлив пораз (0-3) од Санта Клара на првиот меч од втората рунда во Конференциската лига на УЕФА, а тренерот Гоце Седлоски скандалозно се исплаши новинарите и не се појави на официјалната прес – конференција. Потоа успеа да смогне сили и храброст да даде изјава барем на официјалниот сајт на Шкупи.
„Прво треба да му честитам на тимот на Санта Клара, реков пред натпреварот, дека тоа е многу добар тим.
Автоголот што го примивме промени сè, но и играчите на Санта Клара, прикажаа навистина квалитетна игра. Сега остануваат уште 90 тешки минути, но мора да бидеме професионални и да го продолжиме патот во ова натпреварување“, изјави тренерот Седлоски, по натпреварот, за официјалниот сајт на Шкупи.
Ова „да бидеме професионални“, најмногу важи за него. Тренерот е секогаш прв во поразите, треба достоинствено и професионално да застане пред јавноста и да го каже своето мислење, без разлика на резултатот и случувањата на теренот.
Реванш натпреварот од второто коло во Конференциската лига на УЕФА, Шкупи ќе го одигра в четврток на 29 јули во Португалија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа

Прва лига
Пелистер го доведе Марјан Ристовски

Евро-фудбал
Челси не се откажува од трансферот на Гарначо

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан
