Македонскиот интернационалец Љупчо Дориев блеска во дресот на Согдиана (Узбекистан), каде што беше главен херој во убедливата победа над ОКМК со 4-1.
Дориев ја погоди мрежата на противникот во 28. минута, а потоа со втор гол во самиот финиш на првото полувреме му донесе комотна предност од 2-0 на тимот пред паузата. Со тие два погодоци тој стигна до бројката од 12 голови оваа сезона, со што се издвои како прв стрелец во узбекистанското првенство.
Дополнително, македонскиот напаѓач има и пет запишани асистенции, што уште повеќе го истакнува неговиот одличен моментум. Интересно е што минатата сезона исто така заврши со 12 голови, па оваа година има реални шанси да го надмине тој личен рекорд.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













