Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, ги критикуваше своите соиграчи поради лошиот старт на сезоната 2025/26 во Премиер – лигата, само неколку дена пред дербито со Манчестер Јунајтед. „Граѓаните“ загубија два од првите три натпревари и во моментов се наоѓаат на разочарувачката 13. позиција на табелата.
Манчестер Сити ќе има шанса да ја прекине серијата од два последовни порази во недела попладне, кога ќе се соочи со градскиот ривал Манчестер Јунајтед во натпревар од Премиер – лигата.
Во последниот натпревар тие прокоцкаа водство против Брајтон и загубија со 2-1, откако претходно беа поразени со 0:2 на домашен терен од Тотенхем. Тимот на Пеп Гвардиола ја отвори сезоната со убедлива победа од 4-0 против Вулвс, но од тогаш не знае за триумф.
По првата репрезентативна пауза за сезоната, Халанд го оцени стартот на тимот како „недоволно добар“. Оваа недела Сити ќе се соочи со Јунајтед во првото манчестерско дерби за сезоната и ќе се обиде да се одмазди за поразот од минатата сезона.
„Загубивме два последовни натпревари, а тоа не е доволно добро, дури е премногу лошо. Мора да најдеме решение, да се вратиме на победите. Не смееме да си дозволиме да губиме натпревари, затоа што има премногу добри тимови. Совршен момент е да ги смениме работите против Јунајтед“, истакна Халанд.
„Сите мора да го дадеме најдоброто од себе, да се обединиме. Мора да ги задвижиме работите, затоа што досега не се претставивме доволно добро. Поразите не се нешто добро. Здодевни се, но мора да ги искористиш за нешто позитивно. Како мотивација да бидеме подобри во следниот натпревар – и јас очекувам дека ќе го направиме тоа. Мора да ја искористиме лутинава што ја носиме во себе на теренот, за да го покажеме нашето највисоко ниво“, додаде Норвежанецот.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал Мадрид повторно се заинтересира за Родри?
Евро-фудбал
Јувентус го доведе Зеки Челик од Рома













