
Шкупи ја продолжи победничката низа и против Ренова. Остварен е петтиот последовен триумф откако составот на Гоце Седлоски во првиот меч од 11. коло ја совлада Ренова на Чаир со 2-1. Тој со голем респект зборува за противникот, заслугите им ги препиша на фудбалерите, а на навивачите се заблагодари за поддршката.
„Сакам да им се заблагодарам на фудбалерите кои дадоа се од себе. Среќни сме, победивме силен тим. Мислам дека одлично го одигравме натпреварот, можевме да постигнеме гол и во првиот дел со оглед дека имавме неколку убави шанси. Не треба да заборавиме дека игравме против навистина квалитетен тим. Среќен сум за триумфот, благодарност до навивачите за големата поддршка“, вели Седлоски.
Шкупи во моментот има пет бода предност пред Ренова на врвот на табелата и осум позитива пред Академија Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
