
Гоце Седлоски седна на клупата на Шкупи и тимот од Чаир има „два од два“. Победи без примен гол против Борец (1-0) и денеска против Работнички (2-0).
Шефот на стручниот штаб на Шкупи смета дека неговиот тим заслужено победил. Тој успеа да го надмудри долгогодишниот соработник Александар Влахо кој сега ги предводи „романтичарите“.
„Комплетно заслужена победа на Шкупи. Во првото полувреме не искористивме неколку шанси, во вториот дел и Работнички создаде две шанси за гол, но немаа добра реализација. Во финишот, ние успеавме да ја затресеме противничката мрежа. Мислам дека ги заслуживме трите бода. Честитки до фудбалерите за прикажаната игра, иако сè уште не сме во посакуваната форма. На почетокот на следната сезона ќе започнеме од нула, верувам дека во овој тим има голем потенцијал“, изјави Гоце Седлоски.
Следниот противник за Шкупи в среда е гостување кај Струга Трим Лум.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука
