Русите неодамна добија санкции од ФИФА и УЕФА, а беа исклучени од сите фудбалски натпреварувања поради инвазијата на Украина. Во меѓувреме, воената состојба во Украина и руската воена акција предизвикаа да настрадаат многу спортисти и бизнисмени од таа земја кои живеат во странство, па рускиот тајкун Роман Абрамович реши да го продаде Челси.
Наводно, 55-годишниот Абрамович решил сите пари да ги испрати на жртвите од војната во Украина. Иако е подготвен целосно да го напушти актуелниот европски шампион, кого од 2003 година го претвори во фудбалски гигант, Абрамович нема намера да се повлече од фудбалот.
Милијардерот е подготвен да формира Континентална фудбалска лига. Абхрамович во оваа лига очекува клубови од Русија, Кина, Србија, Израел и од Бугарија, а во новиот формат на меѓуклупското натпреварување би учествувале и екипи од Белорусија, Казахстан и од Финска.
Спонзори на новото фудбалско првенство би биле руски претприемачи, но и претприемачи од другите земји учеснички, додека главен спонзор на проектот би бил Абрамович.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













