Финалето во Лигата на шампионите нема да се игра во Истанбул, ниту пак домаќин ќе биде култниот „Вембли“, кој беше споменуван како замена, туку во Порто. Оваа информација во наредните 24 часа треба да биде потврдена и од УЕФА.
Истанбул и вторпат е отстранет од списокот на домаќини за финалето во Лигата на шампионите за натпреварот меѓу Манчестер Сити и Челси, закажан за 29 мај. Причина е пандемијата нма коронавирусот, односно правилата поврзани со намалувањето на ширење на Ковид-19 во Велика Британија. Турција е на „црвената листа“ за патување на Британците како небезбедна земја од коронавирусот.
За разлика од Турција, правилото за карантин за жителите на Англија не важи кога станува збор за Португалија и сите што ќе присуствуваат на натпреварот, а ова важи и за фудбалерите, нема да мора да бидат во хотелска изолација од 10 дена.
Се очекува околу шест илјади навивачи на секој клуб да имаат пристап до стадионот во Порто. Португалија беше домаќин на последното финално издание на Лигата на шампионите, во Лисабон, кога Баерн Минхен го совлада ПСЖ со 1-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













