
Макфудбал во Манчестер,
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) гостува на „Олд Трафорд“ и ќе ги одмери силите со големиот фаворит Англија. Гордиот Албион зеде залет со убедливата победа (0-4) на гости против Малта, а селекторот Герет Саутгејт ги предупреди фудбалерите дека сега ќе имаат многу потежок испит против Македонија.
„Македонија не е воопшто наивен ривал. Добро знаеме за што се способни, тие ја спречија Италија да игра на Светското првенство. Затоа не смееме да се опуштиме во ниеден момент и треба да бидеме уште поубиствени“, изјави Саутгејт.
Англичаните шпкулираат дека Џек Грилиш повторно нема да биде во стартниот тим, а триото во нападот ќе го сочинуваат Букајо Сака, Маркус Рашфорд и Хари Кејн.
Во средниот ред ќе делуваат Деклан Рајс, Калвин Филипс и Џордан Хендерсон.
На голот е Пикфорд, а во одбраната треба да играат Вокер, Стоунс, Мегваер и Шо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
