
Англија дојде во Скопје да победи, а селекторот Герет Саутгејт бара од фудбалерите да одиграат многу подобро од претходниот натпревар против Малта кој го добија со 2-0.
„Очекувам реакција од фудбалерите. На натпреварот против Малта не бевме на потребното ниво во најголем дел од натпреварот. Сега би сакал да се вратат на нивото од претходно и така да го одиграме утрешниот меч. Трипие не е со нас, но имаме неколку решенија за левата бековска позиција, ќе размислам и мислам дека нема да имаме проблеми. Можеби таа одлука ќе делува малку и на нашата поставеност, но треба да бидеме добри. Ние веќе се подготвуваме за Европското првенство и сакам да имаме силна конкуренција на секоја позиција. Да, Рашфорд е добро, но исто така имаме и уште неколку фудбалери кои можат да влезат во тимот на таа позиција“, изјави селекторот на Англија, Герет Саутгејт.
Киран Трипие поради лични причини остана во Англија и не допатува со селекцијата, исто како и Џерод Боувен, кој се повреди на натпреварот против Малта.
Натпреварот меѓу Македонија и Англија се игра утревечер, со почеток во 20.45 часот, на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Сите билети се распродадени, а ФФМ упати апел до навивачите да докдат порано на стадионот, затоа што вратите ќе се затворат во 20.15 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
