
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, ги пофали своите играчи за настапот на квалификациски натпревар против Малта што гордиот Албион го доби со 0-4. Тој особено го пофали Трент Александер-Арнолд, кој имаше нетипична улога во средниот ред, но одигра одлично брилијантно.
„Ставот на играчите беше неверојатен и се покажа во првите половина час од натпреварот. Желбата да се бориме и да ја освоиме топката што е можно побрзо со пресинг се наш заштитен знак и функционираше одлично. Но, мораме да бидеме внимателни затоа што целта ни се шест бода, а во понеделник треба уште повеќе да го подигнеме темпото и да бидеме подготвени. Ни доаѓа Македонија која е квалитетна селекција и мораме да го задржиме ритамот и да бидеме уште поубиствени“, изјави Саутгејт.
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска патува за Манчестер каде в понеделник на „Олд Трафорд“ ќе го одигра мечот против Англија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими

Евро-фудбал
Гарначо ја одбил понудата од Ал-Наср

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген
