Големиот фаворит Англија вечерва (20.45 часот) гостува во Скопје за крај на квалификациите за ЕВРО 2024 година. Селекторот Герет Саутгејт побара од фудбалерите да одиграат многу подобро од претходниот дуел со Малта, а во нападот ќе им даде шанса на Букајо Сака, Хари Кејн и Џек Грилиш.
Во средниот ред на англискиот состав треба да се појават Трент Александер-Арнолд, Деклан Рајс и Калвин Филипс, а најголемиот „проблем“ е на левата странична позиција.
Киран Трипие поради лични причини не допатува во Скопје, Фикајо Томори не одигра на потребното ниво на оваа позиција против Малта, па Саутгејт најверојатно ќе му даде шанса на Рико Луис, фудбалерот на Манчестер Сити, кој во своите младински денови има играно како лев бек. Сепак, во тимот на Манчестер Сити сега игра на сосема поинаква позиција.
На голот на Англичаните ќе биде Џордан Пикфорд, стоперскиот тандем ќе го сочинуваат Хари Мегваер и Марк Гуехи, а на десната странична позиција ќе игра Кајл Вокер.
Натпреварот меѓу Македонија и Англија е закажан за вечерва, со почеток во 20.45 часот, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













