
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт е подготвен да остане на својата функција, тврди британскиот „Телеграф“. 52-годишниот стратег даде позитивни сигнали кои ги наведоа челниците на ФА на Англија да веруваат дека тој ќе продолжи да ја води селекцијата на гордиот Албион.
Првично се веруваше дека Саутгејт ќе поднесе оставка по елиминацијата од Светското првенство, но сега ситуацијата е поинаква. Квалитетниот настап против Франција во четвртфиналето, и покрај поразот, го промени ставот на јавноста кон работата на Саутгејт, кој претрпе многу критики во изминатите две години и покрај успесите под негово водство.
Договорот на поранешниот дефанзивец е до крајот на 2024 година. Желбата на ФА е тој што поскоро да даде одговор дали ќе го исполни до крај. Се очекува конечната одлука да ја донесе на почетокот на следната година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Евро-фудбал
Велс го победи Казахстан и го презеде врвот

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ
