Саудиска Арабија ја потврди својата намера да се кандидира за домаќин на Светското првенство во фудбал во 2034 година.
Фудбалската федерација на Саудиска Арабија соопшти дека сака да организира „турнир од светска класа“ и додаде дека тоа ќе црпи инспирација од „длабоко вкоренетата страст за фудбалот“.
Саудиска Арабија веќе е избрана за домаќин на Светското клупско првенство, кое во декември ќе се одржи во Џеда.
Оваа земја се најде во фокусот на вниманието на светската фудбалска јавност кога во јануари го „намами“ Кристијано Роналдо во Ал-Наср, а во текот на летото во таа земја се преселија други големи ѕвезди предводени од Карим Бензема и Нејмар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













