Сантош загуби со 1-2 на гостувањето кај Коринтијанс во натпревар од 9. коло на Лига Паулиста, а Нејмар го оправда поразот со квалитетот на топката. Бразилскиот ас започна како стартер, но беше заменет во 68. минута. Ова му беше трет натпревар по враќањето во Сантош без постигнат гол.
За Коринтијанс двапати погоди Јури Алберто (17’, 44’), додека Гилерме (79’) беше стрелец за тимот на Нејмар.
„Со сето почитување кон производителите, но топката мора да се подобри. Филипе Луис веќе зборуваше за ова, и целосно се согласувам со него. Навистина е лоша“, изјави Нејмар.
Тој додаде дека Сантош одиграл подобар меч од претходните два, но дека ситни детали го одлучиле исходот.
„Секогаш е прекрасно да се игра на овој стадион. Знаеме колку е тешко тука, особено против навивачите на Коринтијанс, кои се меѓу најдобрите во Бразил. Игравме подобро отколку на претходните натпревари, но на крајот малите детали пресудија во нивна корист“, дополни ѕвездата на Сантош.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













