Македонскиот вицепрвак Шкупи загуби од Санта Клара со 0-3 во првиот меч од втората рунда во Конференциската лига на УЕФА. Португалскиот претставник се покажа како пресилен за составот на Гоце Седлоски на овој меч, а веројатно тоа значи и збогување со европските настапи оваа сезона.
Шкупи почна премногу внимателно, а гостите од Португалија градеа игра за да го отворат резултатот. Тоа им успеа во 30.минута кога Абдул Руатубјаје ја затресе сопствената мрежа.

На самиот почеток на второто полувреме, Санта Клара го удвои водството преку Карлос Жуниор во 49.минута. Дури потоа Шкупи тргна малку поофанзивно, но, сепак, не успеа да го пронајде патот до мрежата на гостите. Китановски се закани во 65.минута, но без преголем ефект.
Во судиското продолжение, Санта Клара постигна и трет погодок преку Жоао Коста за дефинитивен крај на надежите на Шкупи дека може да стори нешто повеќе во овој двомеч.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова













