
Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, откри дека односите со неговиот поранешен соиграч Садио Мане не биле многу блиски, иако на теренот формираа еден од најуспешните напаѓачки тандеми во историјата на Премиер – лигата.
Во интервју за францускиот „Л’Екип“, Салах изјави:
„Да, имаше тензија со Садио. Сепак, ние бевме професионалци на теренот до самиот крај и мислам дека односите не влијаеја негативно врз тимот. Нормално е секој играч да сака повеќе. Јас го разбирам тоа – тој е вистински натпреварувач.“
Иако партнерството со Мане и со Роберто Фирмино донесе бројни трофеи на Ливерпул, вклучувајќи ја Лигата на шампионите и титулата во Премиер лигата, Салах вели дека нивниот однос бил исклучиво професионален.
„Надвор од теренот не бевме многу блиски, но секогаш постоеше меѓусебна почит“, истакна Салах.
Изјавата на Салах можеби открива зошто Садио Мане мораше да замине од „Енфилд“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
