Египетскиот фудбалер Мохамед Салах најверојатно ќе го продолжи договорот со Ливерпул, но не сака да зборува за тоа пред дербито со Манчестер Сити. Тој се согласил на помали услови во однос на првичниот предлог што зимава му бил претставен на раководството.
„Она што можам да го кажам е дека има многу работи за кои луѓето не знаат. Не можам да бидам себичен и да зборувам за мојата ситуација. Се наоѓаме пред најважниот период од сезоната, затоа зборувам само за тимот, фокусиран сум на тимот. Ова е најважно. Тоа е се што можам да кажам. Фокусиран сум на освојување трофеи и давам се што можам за клубот“, изјави Салах.
На 240 натпревари за „црвените“, Салах постигна 153 гола со 57 асистенции.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski