Connect with us

Салах го победи коронавирусот, се враќа на тренинзите на Ливерпул

Египетскиот интернационалец Мохамед Салах го победи коронавирусот, потврди менаџерот Јирген Клоп. По синоќешниот триумф над Лестер, стратегот на Ливерпул најави дека Салах од денеска се приклучува во работата со тимот и дека може да се очекува да конкурира за составот следниот викенд. 

Салах доби позитивен тест на Covid-19 додека имаше репрезентативни обврски со националниот тим на Египет. Без речиси никакви симптоми, тој сепак мораше да остане во изолација. Вчера конечно добил негативен тест и може да им се врати на тренинзите на Ливерпул. 

„Црвените“ со триумфот над Лестер се израмнија со Тотенхем со по 20 бода на врвот на табелата во Премиер – лигата. 

     

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови