
Фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака, ќе се врати во стартниот тим на Англија за осминафиналниот натпревар против Сенегал. Сака постигна два гола против Иран на отворањето на Светското првенство, а потоа тој, како и Рахим Стерлинг, разочараа против САД, па мечот заврши 0-0.
Двајцата останаа на клупата за резерви на натпреварот против Велс, а нивните замени Маркус Рашфорд и Фил Фоден се претставија одлично.
Враќањето на Сака во стартниот тим може да значи дека Рашфорд или Фоден ќе останат на клупата, пишува „Скај Спортс“. Маркус веќе има три гола на Светското првенство и тешко дека ќе биде изоставен од составот.
Доколку Саутгејт се одлучи за офанзивна формација, постои опција Сака, Рашфорд и Фоден да играат зад Хари Кејн.
Мејсон Маунт ги започна првите два натпревари на Англија, но разочара со своите игри. Селекторот ја смени шемата за последниот натпревар од групната фаза и тогаш стартер беше Џордан Хендерсон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski