Connect with us

Сѐ е договорено: Зиелински на лето ќе потпише за Интер

Полскиот интернационалец Пјотр Зиелински на лето од Наполи ќе се пресели во Интер. Од Италија стигнува потврда дека играчот од средниот ред кој на лето ќе стане слободен агент ќе потпише договор до 2028 година.


Ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона, сѐ е на маса и подготвено за потпис.

Зиелински не е пријавен за настапите на Наполи во Лигата на шампионите, бидејќи одби да потпише нов договор, па јасно е дека оди на „Џузепе Меаца“.

Зиелински дополнително ќе го засили тимот на Интер кој и оваа сезона е без конкуренција во Серија А.

Полјакот има огромно искуство во Серија А, има одиграно преку 400 натпревари за Наполи, Емполи, Удинезе, а има 29 години.

Доколку остане и Барела, заедно со Чалханоглу, Мхитарјан, Интер ќе го има најсилниот среден ред во Италија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови