ФИФА ја разгледува опцијата сепак да и дозволи на Русија да игра во баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Според руски медиуми, планот на ФИФА е да го одложи баражот во кој учествуваат Русите до јуни, а секако надежите се дека во наредните месеци ќе престане инвазијата над Украина.
Светската куќа на фудбалот се обидува да најде начин како Русија сепак да го одигра баражот и не сака да донесе поинаква конечна одлука.
ФИФА и УЕФА на 28.февруари го суспендираа учеството во меѓународните натпреварувања на руските клубови и репрезентации, но надежите се дека се ќе биде нормализирано откако ќе заврши воената состојба во Украина.
Доколку Русија добие дозвола да игра во баражот, прашање е каква ќе биде реакцијата на Полска, Шведска и Чешка. Овие три национални федерации со заедничко писмо ја известија ФИФА дека нема да играат против Русија.
Русите во полуфиналниот бараж треба да играат против Полска, а победникот за пласман на СП во Катар треба да се бори со подобриот од дуелот помеѓу Шведска и Чешка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













