
Андре Онана повторно се најде во центарот на вниманието по уште едно катастрофално издание во дресот на Манчестер Јунајтед, а изгледа дека ова беше капката која ја прелила чашата кај тренерот Рубен Аморим и раководството на англискиот клуб.
Манчестер Јунајтед во четвртокот играше натпревар од четвртфиналето на Лигата на Европа против Лион кој заврши со резултат 2-2. Иако „црвените ѓаволи“ водеа со 1-2 и беа на чекор од победата, Лион израмни во 95. минута, а голот за францускиот тим го постигна Черки. Меѓутоа, она што го обележа мечот беше неверојатната грешка која ја направи Андре Онана.
Голманот на Манчестер Јунајтед ужасно реагираше при ударот од еден од играчите на Лион и топката отскокна до Черки, кој без проблеми го совлада Онана.
Оваа грешка предизвика лавина на критики кон Онана, кој веќе подолго време се соочува со критики поради неверојатните грешки. Иако пристигна во Манчестер Јунајтед во летото 2023 година, неговиот престој на „Олд Трафорд“ се претвори во вистинска ноќна мора, бидејќи постојано прави грешки, но она што најмногу ги изненадува навивачите е тоа што тој сè уште е прв голман.
По натпреварот во Лион, тренерот Рубен Аморим не можеше да го сокрие своето незадоволство и во соблекувалната му одржа предавање на Онана пред целиот тим, порачувајќи му дека неговите грешки се неприфатливи и дека повеќе нема да ги толерира. Аморим јасно му стави до знаење на Онана дека го исцрпи целосно неговиот кредит, а англиските медиуми наведуваат дека тоа значи дека Онана е отпишан и дека повеќе нема да има место во екипата на Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Тричко стрела на Кипар, гол и за Адеми

Евро-фудбал
Манчестер Сити од очај до блескав крај (ВИДЕО)
