Португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо збеснал во соблекувалната на Јувентус по неодиграниот меч со Наполи во Серија. Скандалот се случил откако му било соопштено дека нема да може веднаш да замине на собирот со репрезентацијата. Роналдо планирал да одлета веднаш со приватниот авион, но морал да чека дозвола од градските власти поради состојбата со коронавирусот.
„Газета дело Спорт“ открива дека Португалецот бил многу лут на клупското раководството затоа што морал да остане во хотелот и да чека дозвола од здравствените власти за да го напушти Торино. Тоа воопшто не му се допаднало, а на крајот на сопствена одговорност гја напуштил клупската база. Потоа Јувентус издејствувал сепак да добие дозвола за да замине во Португалија и да им се приклучи на соиграчите од националниот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ гостува кај омилената жртва













