Connect with us

Роналдо возврати: Уредникот на „Франс Фудбал“ лаже!

„Единствената амбиција на Роналдо е кариерата да ја заврши со повеќе златни топки од Лионел Меси. Тоа го знам затоа што ми го кажа лично“, беа зборовите на уредникот на „Франс фудбал“, кој го доделува ова признание, Паскал Фере.


Роналдо до сега петпати ја има освоено таа награда и тоа во 2008, 2013, 2014, 2016 и 2017. Лео Меси кој вечерва е главен кандидат за освојување на оваа награда има уште една, а вечерва најверојатно ќе може да изброи седум .

Португалецот се огласи на својот Инстаграм профил и ги демантираше зборовите на уредникот на „Франс фудбал“, наведувајќи дека никогаш не му завидувал на Меси, ниту на кој било друг.

„Денешниот исход ја објаснува изјавата на Паскал Фере минатата недела, кога рече дека сум му се доверил како мојата единствена амбиција е да ја завршам кариерата со повеќе златни топки од Лионел Меси.

Паскал Фере лажеше, го искористи моето име за да се промовира себеси и да ја промовира публикацијата за која работи. Неприфатливо е лицето одговорно за доделување на ваква престижна награда да лаже на овој начин, во апсолутно непочитување кон некој кој отсекогаш ги почитувал „Франс Фудбал“ и „Златната топка“. Денеска повторно излажа, оправдувајќи го моето отсуство со наводниот карантин, кој нема причина да постои.

Секогаш сакам да им честитам на оние кои победуваат, во рамките на спортскиот дух и фер-плеј кои ја водеа мојата кариера од самиот почеток, а тоа го правам затоа што никогаш не сум бил против никого. Секогаш победувам за себе и за клубовите што ги претставувам, победувам за себе и за оние кои ме сакаат. Јас никогаш не победувам.

Најголемата амбиција во мојата кариера е да освојувам национални и меѓународни титули за клубовите што ги претставувам и за репрезентацијата на мојата земја. Најголемата амбиција во мојата кариера е да бидам добар пример за сите кои се или сакаат да бидат професионален фудбалер. Најголемата амбиција во мојата кариера е да го оставам моето име запишано со златни букви во историјата на светскиот фудбал.

Ќе завршам со тоа дека мојот фокус е веќе на следниот натпревар на Манчестер Јунајтед и на сето она што заедно со соиграчите и нашите навивачи се уште можеме да го постигнеме оваа сезона“, напиша Португалецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови