
Еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо доживеа тежок пораз (1-2) со националниот тим од Србија. Капитенот на Португалија не ја криеше тагата по натпреварот, а потоа го критикуваше селекторот Фернандо Сантош за тактиката.
Еден ден подоцна, Роналдо реши со ладна глава да и се обрати на нацијата. Тој е сигурен дека неговата селекција ќе избори пласман на Мундијалот во Катар.
„Фудбалот повторно и повторно ни покажува дека на моменти мора да се движиме по искривени патеки, а токму тие водат до најпосакуваните победи. Резултатот синоќа беше тежок, но недоволен за да не собори. Целта да се биде присутен на Светското првенство е сè уште жива и знаеме што е потребно за да стигнеме таму. Без оправдување – Португалија оди во Катар“, истакна Роналдо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
