Кристијано Роналдо повторно демонстрира одлична форма при победата на неговиот Ал-Наср со 4-0 над португалскиот тим Рио Аве во пријателски натпревар. Португалската суперѕвезда постигна хет-трик.
Новото засилување на саудискиот клуб, Жоао Феликс, исто така ја покажа својата класа, асистирајќи за вториот гол на Роналдо по брза комбинација со капитенот на Португалија.
⚽ | Second goal for AlNassr!
— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) August 7, 2025
Scored by Cristiano Ronaldo 🐐
44’ | ⏱️
pic.twitter.com/0Myev3qBRI
Мохамед Симака го отвори резултатот во 15-тата минута, но ѕвездата на вечерта без сомнение беше Роналдо, кој го постигна првиот гол по атрактивна акција со Феликс. Вториот негов погодок дојде по промашена пенал-ситуација на Садио Мане, чиј удар го одбрани голманот Чезари Мишта, а потоа нерасчистената топка резултираше со нов напад на Ал-Наср и извонреден гол со глава по центаршут на Весли.
⚽ | Third goal for AlNassr!
— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) August 7, 2025
Scored by Cristiano Ronaldo 🐐
63’ | ⏱️ pic.twitter.com/BZIk3MW4h3
Петкратниот добитник на „Златната топка“ го заокружи својот хет-трик со прецизно изведен пенал во 68-мата минута, по што беше заменет.
⚽ | Third goal for AlNassr!
— AlNassr FC (@AlNassrFC_EN) August 7, 2025
Scored by Cristiano Ronaldo 🐐
63’ | ⏱️ pic.twitter.com/BZIk3MW4h3
Ал-Наср и Роналдо имаат уште еден контролен натпревар пред почетокот на сезоната во Саудиската Про лига, против шпанската Алмерија на 10 август. Потоа, тимот го очекува полуфинале во Суперкупот против Ал-Итихад на 19 август.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза













