
Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо бил бесен од шокантниот пораз (1-2) од Србија во Лисабон кој ги остави без директен пласман на Светското првенство во Катар. Тој не сакал да се поздрави со селекторот Фернандо Сантош по завршувањето на мечот, очигледно премногу нервозен поради развојот на настаните.
„Роналдо му објаснуваше на друг фудбалер дека постигна регуларен гол во финишот од мечот против Србија во Белград, а судијата не го призна. Неговата нервоза е разбирлива и тука нема ништо поголемо. Тој беше фрустриран, јас бев исто така фрустриран. Португалија ќе избори место на Светското првенство“, објасни на прес – конференција, селекторот на Португалците, Фернандо Сантош.
Cristiano Ronaldo's reaction after full-time. He looked mad at Fernando Santos. 👀pic.twitter.com/G45ohXNsQh
— The CR7 Timeline. (@TimelineCR7) November 14, 2021

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski