Роналдо Луис Назарио де Лима за многумина и понатаму е најдобриот фудбалер на сите времиња. Легендарниот Бразилец ги одбележа деведесеттите години на фудбалски план, а без неколку тешки повреди можеше да има многу поголема кариера.
Роналдо двапати беше светски шампион со Бразил (1994 и 2002 година), а го носеше дресот на Милан, Интер, Барселона, Реал …
„Феноменот“ доби новинарско прашање кој е најдобриот играч на сите времиња, според него. Бразилецот не можеше да се одлучи само за еден, па избра четворица.
„Ако ме прашувате мене, четворицата најдобри играчи во историјата се Пеле, Марадона, Лионел Меси и Кристијано Роналдо“, рече Роналдо.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski