Кристијано Роналдо е во потрага по нов клуб откако го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, а шпанскиот „АС“ пишува дека има само две опции – да замине во Катар или во Саудиска Арабија. Додека не најде нов клуб, по испаѓањето на Португалија од Мундијалот, тој тренираше во спортскиот центар на Реал Мадрид.
„АС“ наведува дека ниту еден клуб кој се натпреварува во Лигата на шампионите не е заинтересиран за Роналдо. Да потсетиме, 37-годишниот напаѓач летово сакаше да го напушти Јунајтед и да потпише за клуб кој настапува во елитното клупско натпреварување. Во меѓувреме се појави понуда од саудискиот Ал-Наср според која Роналдо би заработувал 200 милиони евра годишно и со тоа би станал најплатен фудбалер. Сепак, тој се уште не ја прифатил ниту таа опција.
Шпанците веруваат дека Роналдо може да оди само на Блискиот Исток. Заедно со Ал-Наср, тој доби повик од катарскиот Ал-Сад, каде што можеше да игра со играчи како Андре Ајев и Санти Казорла.
„Иако сака да игра на највисоко ниво, неговите опции се ограничени. Се чини дека европските клубови не се подготвени да го ризикуваат балансот во соблекувалната среде сезона“, заклучува „АС“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













