Манчестер Јунајтед во следното коло од Премиер – лигата ќе го нагости Тотенхем, а во составот на „црвените ѓаволи“ нема да биде Кристијано Роналдо. Англиските медиуми тврдат дека Португалецот ќе ја пропушти пресметката со клубот од Лондон поради повреда откако не беше учесник и во дербито на Манчестер минатиот викенд.
По натпреварот со Сити, бројни медиуми објавија дека португалскиот напаѓач самоволно решил да не биде во тимот на дербито со „граѓаните“, бидејќи тренерот Ралф Рагник не го планирал во стартниот состав.
Според последните информации, причина за отсуството на еден од најдобрите светски фудбалери се силните болки во колкот кои ги чувствува веќе два месеци.
Поради овие проблеми Роналдо мораше строго да мирува, а дури вчера почнал полека со праволиниско трчање.
37-годишниот напаѓач оваа сезона постигна 15 гола за Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal