Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо, се најде во тимот на најголемите разочарувања по првата фаза на Светското првенство во Катар, составен од популарната платформа за статистика и резултати во живо, Sofascore. Причината за ова е што аналитичарите на компанијата на 37-годишниот Португалец му дадоа просечна оценка од 6,37 по систем до десет поени за трите натпревари од групната фаза.

Во оваа селекција се најдоа играчи кои играле 60% од времето на натпреварите од групната фаза на Светското првенство.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо, ги започна сите три меча на Португалците досега во Катар. Во нив постигна само еден гол откако погоди од пенал на првиот натпревар против Гана.
Роналдо тврдеше дека е стрелец и на првиот гол против Уругвај, но ФИФА тој гол му го додели на Бруно Фернандеш.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Тотенхем сака да го купи Мејсон Гринвуд
Евро-фудбал
Јувентус се договорил со Спалети
Интернационалци
Растодер стрелец за Тун, Столе Димитриевски бранеше за Валенсија
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)













