Работнички ги стартуваше зимските подготовки. Во клупската база, новиот шеф на стручниот штаб Александар Влахо ја изврши првата прозивка на која беа присутни и петте нови засилувања, повратниците Марио Станковски и Андреј Лазаров, како и голманот Бурхан Мустафа, Марјан Ристовски и Андреј Кировски.
Претседателот Драган Поповски ги поздрави фудбалерите во клупските простории и им посака многу здравје, среќа и успеси во новата 2021 година, а потоа ја препушти палката на стручниот штаб. Тренерот Александар Влахо, кој ќе соработува со Стојанче Игњатов и со кондицискиот тренер Перо Костовски како нови имиња, побара дисциплина и напорна работа од фудбалерите.
„Работнички е клуб со европски манири и сите треба да се однесуваме согласно таквиот имиџ. Не очекуваат зимски подготовки кои мора да ги одработиме максимално сериозно за потоа да можеме да се надеваме на успешна пролет“, истакна шефот на стручниот штаб за официјалниот сајт на клубот.
Првиот тренинг фудбалерите на Работнички го одржаа на игралиштето со вештачка трева, од утре програмата ќе биде удвоена. На 26 јануари тимот заминува на подготовки во Охрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Вест Хем освои бод на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У20 подобра од Лихтенштајн: Данев постигна два гола













