Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, по ремито 1-1 против Вест хем, не го криеше разочарувањето поради повторно загубени два бода во последните минути, и тоа на домашен терен. Сепак, португалскиот стратег увери дека тимот не прави чекори назад во процесот на развој.
„Имавме добри моменти, но ја изгубивме контролата по постигнатиот гол. Требаше да го затвориме натпреварот по 1-0“, изјави Аморим. „Статичните ситуации можат да претставуваат проблем. Губевме втори топки, тие ги добиваа дуелите. Треба да контролираме вакви натпревари. Требаше да бидеме подобри со топката по постигнатиот гол“, додаде тој.
И покрај новиот натпревар без победа, четврти од последните пет одиграни, Аморим смета дека тимот „не оди наназад“.
„Кога имавме серија победи, бевме совршени. Не бевме ниту тогаш, бевме нестабилни. Во 83-та минута голот дојде по наша долга топка, имавме сè под контрола. Постојат втори полувремиња во кои ја губиме контролата. При голот изгубивме неколку втори топки. Се обидувавме да се браниме подалеку од топката, бидејќи знаевме дека при центрирање можат да добијат корнер. Треба да бидеме подобри во второто полувреме од секој натпревар“, објасни тој.
Аморим исто така нагласи дека проблемот не беше во замените.
„Губиме поради вторите топки. Понекогаш нема играчи напред кои треба да ја освојат топката“, заклучи менаџерот на Манчестер јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













