
Работнички стави крај на големиот пост и стигна до важна победа против Македонија ЃП. „Романтичарите“ на домашен терен ја совлада Македонија ЃП со 2-0 и излезе од бездната, а може да се надева и на европско место, доколку Академија Пандев го освои куп-трофејот.
Да Силва во десеттата минута си постигна автогол по нафрлувањето на Дејан Блажевски од слободен удар, а Кристијан Ацковски во 31.минута го постигна вториот погодок за Работнички.
Не се дава и Силекс. Кративци го совладаа Вардар со 1-0, со голот од пенал на Бобан Георгиев во 33.минута.
Ренова и Академија Пандев ремизираа (1-1) во Тетово. Даниел Миловановиќ во 11.минута го отвори резултатот, но Емран Рамадани донесе бод за „гипсарите“.
Беласица освои бод на Чаир играјќи 2-2. Устабаши во седмата минута го доведе Шкупи во водство, но Маслаж со прекрасен гол со ножички израмни во 35.минута.
Мухарем Бајрами донесе нова предност за Шкупи, но Пепи Георгиев израмни во 60.минута и донесе бод за струмичкиот состав.
Шкендија очекувано славеше над Победа во Кочани со 1-4. Шефити Шефити постигна два гола, а во листата се запишаа и Арбин Зејнулаи и Јакуп Бериша. Единствениот гол за Победа го постигна Трајче Ефремов.
ПРВА ЛИГА, 34. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0
ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА 1-4
СИЛЕКС – ВАРДАР 1-0
ШКУПИ – БЕЛАСИЦА 2-2
РЕНОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-1
Табела: Шкендија 76, Вардар 60, Академија Пандев 57, Шкупи 44, Ренова 43, Работнички 43, Македонија ЃП 41, Силекс 41, Беласица 38, Победа 23.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија

Евро-фудбал
Мората пред трансфер во Комо

Евро-фудбал
Ливерпул се вклучува во трката за Ѓокереш

Евро-фудбал
Мбапе нема да игра и против Салцбург

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи
