Connect with us

Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини, нема да настапува до крајот на сезоната поради повреда, пренесува „Скај Спорт Италија“. Италијанскиот репрезентативец заработил истегнување од прв степен на задната ложа на десната нога за време на тренинг-сесија, и ќе му бидат потребни приближно два месеца за целосно опоравување.

Ова е сериозен удар за тимот на Рома кој се бори за пласман во Лигата на шампионите. Пелегрини оваа сезона има одиграно 34 натпревари во сите натпреварувања, постигна три гола и забележа три асистенции.

Рома моментно се наоѓа на петтото место во Серија А со 63 освоени бодови по 35 одиграни кола и е во впечатлива серија од 19 натпревари без пораз. Отсуството на својот лидер на теренот ќе биде голем предизвик за тимот во завршницата од сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови