 
																												
														
														
													Арсенал официјално доставил понуда до Реал Мадрид за бразилскиот фудбалер Родриго во висина од 90 милиони евра. Според медиумите од Англија, лондонскиот клуб предложил првичен износ од 44 милиони фунти, додека остатокот – две рати по 17 милиони – би биле исплатени во наредните две години.
Родриго веќе пет години го носи дресот на „кралскиот клуб“, но моментно не е прв избор во почетниот состав, што отвора простор за негова преселба. Во изминатата сезона одигра 35 натпревари и оствари ефект од осум голови и шест асистенции.
Англиските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид веќе ја прифатил понудата и му дал дозвола на Родриго да се приклучи на Арсенал.
 
												
																					- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГАВардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со... Автор makfudbal
- 
															
								    МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст... Автор makfudbal
 
																					Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																					 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							 
																							













 
														 
														 
														