Connect with us

Ривалдо го препорача Жозе Мурињо за наследник на Чави во Барселона

Чави Хернандез нема да ја промени својата одлука да замине од кормилото на Барселона по завршувањето на сезоната, па раководството на клубот ги разгледува можните опции за да го избере идеалниот наследник. Според шпанските медиуми, поранешниот играч Рафа Маркез има добар рејтинг, но Ривалдо како клупска легенда се залага тоа место да го заземе Жозе Мурињо.


И покрај спорната историја со клубот за време на неговите тренерски мандати во Челси, Интер и Реал Мадрид, Мурињо ја доби поддршката од познатата легенда на Барселона. Бразилецот смета дека Пеп Гвардиола е невозможна цел, но дека Жозе Мурињо секако би можел да биде добра опција.

„Не гледам дека Гвардиола ќе се приклучи на Барселона во скоро време. Мислам дека единствената вистинска шанса би била ако сака да се врати дома и повеќе да ужива во семејниот живот, што му е полесно во Барселона, а во исто време да може да го тренира тимот. Со оглед дека е без клуб, а согледувајќи ја и ситуацијата во Барселона, според мене, сега полесно е Жозе Мурињо да се приклучи на Барса. Мислам дека тоа би бил одличен потег за Барселона, иако некои навивачи не го сакаат“, изјави Ривалдо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови