Стефан Ристовски веќе подолго време влече незгодна повреда поради која не настапи ниту на септемвриските квалификациски средби. Сепак, одличниот дефанзивец се врати да помогне во вистински момент и беше еден од најзаслужните за беспрекорното функционирање на последната одбранбена линија пред голот на Димитриевски.
„Договорено беше да играм само триесет минути бидејќи подолго време сум повреден. Сепак, не сум човек што се предава, играм за националниот тим, пред полни трибини, тоа ми даде сила да стиснам заби и да одиграм речиси цел натпревар“ – истакна Ристовски.
Тој не го криеше задоволството од конечниот исход и големата победа на домашен терен, по разочарувачките јунски порази во Скопје од Полска и од Австрија.
„По неколку лоши претстави пред нашата публика, вечерва покажавме квалитет. Одигравме добро, покажавме карактер, со години наназад го повторувам истото – дека имаме одлични индивидуалци, но дека треба да се поклопат многу работи за да го покажеме нашето вистинско лице. Беше убава атмосфера, мило ми е што стадион имаше толку многу луѓе, со играта им се оддолживме. Видоа дека Македонија може да победува и сериозни репрезентации“ – задоволно порача Стефан Ристовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













