Connect with us

Ристе Јанков замина од Каспиј

Македонскиот репрезентативец Ристе Јанков го напушта Казахстан. Тој се раздели со клубот Каспиј и во пресрет на новата сезона ќе побара нова фудбалска средина.

Јанков пред шест месеци го напушти Работнички и замина на печалба во Казахстан, меѓутоа многу брзо повторно ќе го менува клубот. Засега има контакти со клубови од Србија, Бугарија и од Албанија, но не е исклучено да се врати и во македонското првенство.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови