
Бразилскиот напаѓач Ришарлисон ги негираше пишувањата во британските медиуми дека е „водач на бунтот“ против италијанскиот стручњак Антонио Конте, кој оваа недела доби отказ од Тотенхем.
„Не прифаќам кога кажувате лаги за мене. Секогаш имав голема почит кон Конте“, напиша 25-годишниот бразилски напаѓач на социјалните мрежи.
„Јас не бев водач на бунтот против него, беше токму спротивното. Жал ми е што не дадов толку колку што очекуваше од мене и не направив доволно за тој да остане“, додаде тој.
Ришарлисон, кој пристигна во Тотенхем во јули минатата година од Евертон, беше обвинет во медиумите дека му дал ултиматум на клубот да го отпушти италијанскиот стручњак.
„Многу ми помогна и секогаш кога имавме проблем го решававме со разговор и професионализам и тој може да го потврди тоа“, изјави Бразилецот.
Неделава Тотенхем се раздели со Конте кој по ремито (3-3) против Саутемптон жестоко ги критикуваше играчите, но и раководството на клубот. Тотенхем е четврти на табелата во Премиер – лигата и во понеделник игра против Евертон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе
