
Челси доби добри вести во врска со потенцијалното враќање од повредата на Рис Џејмс. Десниот бек ја доби капитенската лента на клубот од новоименуваниот тренер Маурисио Покетино и го водеше тимот во првиот натпревар од Премиер – лигата оваа сезона против Ливерпул.
Сепак, тој беше принуден на пауза поради она што првично се мислеше дека е само замор, но подоцна стана јасно дека има повреда на тетивата.
Сега тешкиот период е зад Рис Џејмс и играчот веќе тренира заедно со останатите фудбалери, а одлуката дали ќе се потпре на него целосно ќе зависи од менаџерот.
Откако се појави на тренинг, Џејмс се огласи на својот Инстаграм профил за да им каже „благодарам на луѓето кои беа трпеливи со мене“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
