Македонскиот прволигаш Ренова се засили со босанскиот интернационалец Сенад Хусиќ. Тој доаѓа од косовскиот тим Лапи и игра на левата бековска позиција. 30-годишниот Хусиќ треба да биде решение за „гипсарите“ по заминувањето на Физник Зука.
Во минатото бил интернационалец и во Шведска и во Унгарија, а во БиХ има настапувано за Челик, Железничар и за Звијезда.
Ренова во текот на денешниот ден потпиша нови договори со голманите Хадис Велии и Валон Незири, претходно и со напаѓачот Ремзифаик Селмани. Тимот на Бујар Ислами на 14.јули ќе почне и со одигрување пријателски натпревари, а прв тест ќе биде Вардар Форино. Ренова се подготвува за настап во квалификациите за Лигата на Европа.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













