Македонскиот претставник Ренова е патник во наредното коло од квалификациите во Лигата на Европа откако го победи ерменскиот тим Алашкерт во Ереван со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше дефанзивецот Ненад Мишковски во 58.минута. Тој одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник по корнерот од десната страна, скокна највисоко и со удар со глава ја затресе мрежата на домаќинот.
Тренерот на Ренова, Бујар Ислами одлично ја анализирал играта на Алашкерт, им ја препушти играта во поле, но изгради цврст бедем пред голот на Хадис Велии. Ренова се обиде да се закани преку контранапади, а најактивни беа Емран Рамадани и Ремзифаик Селмани. Во второто полувреме Мишковски го отвори резултатот и потоа Ренова успеа да го задржи водството до самиот крај.
Во составот на Алашкерт настапи македонскиот интернационалец Ристо Митревски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













