
Македонија ЃП и Брегалница ремизираа (1-1) во Ѓорче Петров во еден од најинтересните дуели од 27. коло во Првата лига. „Лавовите“ од пенал се спасија од пораз, откако Сефер Емини погоди во 78.минута. Претходно, Милан Џокиќ ја доведе Брегалница во водство во 59.минута од дуелот.
Шефит Шефити ја шокираше Шкендија во 88.минута и донесе бод за Ренова (1-1) во тетовското дерби. Ферхан Хасани од слободен удар во 36.минута донесе предност за Шкендија на овој меч.

Шкупи со 3-1 го совлада Борец и сигурно чекори кон шампионската титула. Фаустин Сенгор го отвори резултатот, но за три минути стрелаше во двете мрежи за 1-1. Сепак, Сандеј Адетунџи и Гаги Маргбелашвли со прекрасен гол со ножички, донесоа триумф за Шкупи.
Академија Пандев го совлада Пелистер со 2-0. Димитар Митровски од пенал погоди во 51.минута, а во финишот Кристијан Велиновски го постигна вториот гол за „пандевци“.
Струга Трим Лум го победи Скопје со 1-0, со голот на Сава Радич во 67. минута.
Во првиот меч од ова коло, Работнички го совлада Тиквеш со 1-0.
ПРВА ЛИГА, 27.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕГАЛНИЦА 1-1
ШКЕНДИЈА – РЕНОВА 1-1
ШКУПИ – БОРЕЦ 3-1
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР 2-0
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – СКОПЈЕ 1-0
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ 1-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
