Реал Мадрид излезе со официјално соопштение во кое остро се спротивставува на предлогот натпреварот од 17. коло на Ла Лига помеѓу Вилјареал и Барселона да се одигра надвор од територијата на Шпанија.
Од клубот нагласуваат дека мерката е донесена без претходно известување или консултација со останатите учесници во првенството, што го нарушува основниот принцип на територијална реципроцитетност во системот на разменети гостувања (еден меч дома и еден на гости). Според „кралскиот клуб“, ваквата одлука би го нарушила конкурентниот баланс и би им дала неоправдана спортска предност на засегнатите тимови.
„Интегритетот на натпреварувањето бара сите мечеви да се играат под еднакви услови за сите екипи. Едностраното менување на овој режим ја нарушува рамноправноста, ја компромитира легитимноста на резултатите и создава опасен преседан кој дозволува исклучоци диктирани од интереси различни од спортските“, стои во соопштението на Реал Мадрид.
Клубот инсистира дека секоја ваква промена мора да има изречна и едногласна согласност од сите клубови, како и да биде во согласност со националните и меѓународните правила.
Во одбрана на својата позиција, Реал Мадрид веќе презел три конкретни чекори:
Обраќање до ФИФА со барање да не се дозволи одигрување на мечот без согласност од сите клубови во Ла Лига.
Барање до УЕФА да ја повика Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) да го повлече или одбие предлогот, повикувајќи се на критериумите од 2018 година кои забрануваат одигрување на официјални мечеви од домашни првенства надвор од земјата, освен при исклучителни околности – какви што во овој случај нема.
Апел до Високиот спортски совет на Шпанија да не издаде административно одобрение без целосно единство меѓу клубовите.
Реал Мадрид го потврдува својот ангажман за почитување на правилата кои ја гарантираат чесноста и правилното функционирање на официјалните натпреварувања, и изразува подготвеност да ги брани овие принципи пред сите надлежни органи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













